замати (гл.) - ум (имн.)

И да можев да избегам, не ќе го сторев тоа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во мислите Никодин пред себе гледаше куче пуштено од синџир, но ракијата веќе му го беше заматила умот, така што после петтата сѐ му беше полно и рамно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дошло време нивните сили, боговите во нив, со славољубие да си го заматат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И со една голтка ја испразнува чашката божем сака да кажеш ете ова се парите, си ги имал, сега ти го заматуваат умот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Трговците не си го заматуваат умот со вино.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секогаш искрснува нешто ново, што пак ми го заматува умот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во ,Пиринско дело" читам: ,Лазар Колишевски8, агент на Охраната на царска Б'лгарија" и мене ми се замати умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора да ѝ се заматил умот од многу сакање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)