замавне (гл.) - кон (предл.)

Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со војувачка итроштина замавнал кон темето на соговорникот. На луѓето им се згрутчил здивот в душник. Но другиот ја очекувал опасноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор спиел со студена грутка воздух во грлото и со коленици залепени за длапката на мускулестиот стомак но обеспокоен од сила на необјаснива враџба, се тргнал и ја подал раката кон кубурата на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Рошав, - му свика Абраш на оној со мозолчињата којшто замавна кон мене со синџирот околу раката, - остави го, Молња е мој!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој, јавачот, сѐ уште свиткан во појасот и со стиснати коленици на шарените коњски ребра, извлекол од канија, невидлива од темната боја на беневреците, крива сабја што под удар на сонцето се распрснувала во зраци и, кревајќи ја високо, се исправил, се протегнал со една рака, со сета тежина се потпрел на зенгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)