заличува (гл.) - на (предл.)

Се изжалува и се издавува во себе изговорливото свирење; завива кавалот, се потсмирува и заличува на шумолење на зрело пченично класје, се разбранува како немирен лет на сокол, се шири, ту паѓа, ту се подига, разбранува, согорува, истиснува солзи и незапирливо тече, лета кон домашните прагови, кон кратките љубовни мигови, топлите и незаборавни скришни бакнежи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во темнината го чувствуваше забрзаното дишење, кое од миг во миг заличуваше на бревтање на раздразнет ѕвер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако таа беше во години, изгледот нејзин ѝ беше младешки, очите полни со сјај и опчинувачки, лицето поднасмевнато и со дупчиња на образите; усните меки и сочни; само не му се допаѓаше што таа премногу го лепеше лицето со крем за да ги израмни неколкуте брчки на него, па некогаш му заличуваше на маска и ја тераше да го истрие со крпа или да го измие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ повеќе и повеќе заличувала на фреска која оди, исчадена и потемнета од времето, од годините.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со години сестра Ангелина, троа по троа, заличувала на ангел (во себе и за себе), зашто единствено тоа и сакала да биде.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дали пештерата им заличува на масовна гробница?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Totus mundus agit histrionem – магијата на младешките сништа, играрии, вилински карневали, на мангупски царчиња и шумски духови, на слаткото травеститетво, кога вљубеноста е Атлас, но атлас кој и покрај силата е незапирливо нежен, а светот на новите облици заличува на нестварниот свет од бајката, низ кој талкаме полни со духовна и физичка кондиција и приемчивост – и сега во овие исечоци, во оваа шкрта милост на сеќавањето, поттикот е еднакво жив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Финиот господин со долг, бел шал и мазно лице заличува на клошар, жената во години, со плашлива насмевка, на заплашена студентка. Свечената литургија започнува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Стоп! – возвика Дедо Мраз се уште замелушан, капнат – Сево ова ми заличува на брег!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Гледам. Модрата планина навистина ми заличува на море.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)