закопа (гл.) - без (предл.)

Штом е така, си реков, не ви доаѓам па да ве видам кој кур ќе ми закопате без мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се направи божем се лути и му подвикнаа: А второ, рече, вие само за да не платите за закопот, стрика Анѓела сте го закопале без свештеник, без мене.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Марко Проказник стаса доцна: жена му ( ни ликот неќе не ѝ го паметеше) ја закопаа без тажачка и на гробиштата немаше никој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светете им на сите мачни души по светот што се закопани без светлост, без свеќи...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)