заклучи (гл.) - со (предл.)

Собата, осветлена од едно кандило, искажуваше сега токму како зандана, и толку природно му се стори на Коча да го заклучат со девет катанци.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја заклучува со катанец, ја пали со прекинувач за ноќна ламба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
ЗАМИНУВАЊЕ ОД ГРАДИНАТА Посакав да ја затворам градината да ја заклучам со катанецот на сонот со лостот на споменот со синџирот на љубовта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)