заклучи (гл.) - врата (имн.)

Им турија сено и слама на коњите, го затворија авурот, ја заклучија вратата и отидоа во анот да ги сушат мокрите алишта на огништето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нѐ бакнаа, и нѐ потсетија да ја заклучиме вратата и да го извадиме клучот од бравата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Бидејќи му немаше спас, постојано, кутриот, се надеваше да избега: се надеваше еден ден некој од клучарите да ја заборави да ја заклуча вратата од самицата, да ја остави отворена...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стариот рѓосан клуч штракна неколкупати, вратата од ќелијата се отвори, клучарот го пушти да влезе трговецот и пак ја заклучи вратата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Татко ми ја изнесе на раце Бреза од собата и ја заклучи вратата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа сигурно нешто ќе заборавеше пред тргнување, ќе се враќаше да ја заклучи вратата, да провери дали го исклучија плинскиот шпорет или можеби ја заборавила цигарата неизгасена во пепелникот и ќе стигневме токму во моментот кога возот тргнува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја заклучив вратата да не можат да влезат, а самиот не можам да излезам. (Се обраќа на мртвата Султана)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)