заклучи (гл.) - тој (зам.)

„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Речиси веднаш ногата почна да му пулсира. Беше топла. Веќе е инфицирана, заклучи тој.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Веројатно немате одговор! - самозадоволно заклучи тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Добро забележа дека таа на неколку пати најкрадешкум што можеше го погледна за да види дали има зошто да се плаши, како што заклучи тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таму, само таму има мир, заклучува тој уморно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Систематизирањето, заклучува тој, тоа не чини, тоа нив ги крши.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, и тогаш кога судбината не е во наше владеење, не значи дека треба засекога да се простиме од исчезнатото и дека не треба да се трудиме да си го вратиме она што насилно нѝ го одзеле, заклучи тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овде, во нашиов проколнат свет, кој не може да се нарече сигурно и здраво место, луѓето се безбедни само во сонот, одамна беше заклучил тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислам дека ги сфаќате разликите во кои сакам да ве воведам“, заклучил тој мудрец од светот на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оваа слика не ја претставува стварноста, студено заклучи тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем сето тоа треба да се третира како Панаѓур на богатите и среќните, заклучи тој , а не само како обичен наслов во некој дневник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)