задржи (гл.) - подолго (прил.)

Ако се задржиш подолго, може и со гол газ да те истераат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно лето за задржа подолго по вршење, уредуваше копи, градеше сламарници, подработи на манастирската солана и така го фати Крстовденот таму покрај морето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот Рафаиле, секогаш кога војводите ќе се задржеа подолго во неговата колиба, покрај со ракијата и прочуеното галичко сирење, потуркувајќи ги цепениците кон кај разгореното во огништето, ги почестуваше и со песната за Ѓурчина Кокалески: Посилил се црна Арапина, посилил се низ Солунско Поле, - како тешка могла низ полето така тешка мока на народот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Камилски, кој не ги забележа испаднатите купони од книгата, самоуверено одговори: Се разбира дека ја прочитав. Затоа и ја задржав подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој тогаш се задржа подолго, и потоа, на излегување, се задржа за да им се восхитува на растенијата што беа посадени во саксии на терасата, и да сочувствува со неа поради лисните вошки кои ги напаѓаат цвеќињата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)