задржи (гл.) - рака (имн.)

Одвај сум ја задржала раката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле дојде редот и на Сула-колџијата. Ристе му ја задржа раката, а и намигна на Боја тоа да го направи оти си има Ристе со него муабет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шишман му ја задржа раката, го замоли Љакета: - Љаке, рече, кажи му оти како татко го имавме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)