загне (гл.) - кон (предл.)

Тие ги зедоа пушките на готово и се загнаа кон патот каде што лаеја пците. Не помина ни петдесет минути, по патчето откаде што дојде дедот Јован, се вратија војниците со еден селанец пред нив, кој си водеше маска со две торби и секира на самарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Каде вака, бре комито, со торбите? — му се фрли онбашијата и нареди да се симнат и претресат торбите и самиот Бојко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)