завршува (гл.) - работа (имн.)

LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се надеваше дека со Татко му влегле во трага на балканското проклетство, задржано во најжилавите, тврдокорни османизми, длабоко вкоренети во балканските јазици и дека најпосле ќе успеат во нивната мисија да ги посочат зборовите виновници, за тие конечно да бидат принудени кај луѓето на конечен заборав.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги дотрошува силите, што се вели, му завршува работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои завршуваа работа од прва, додуша ретко, а имаше некои кои веќе ги имам видено два-трипати до сега, и си викаме „здраво“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тука во канцеларијата на капетанот завршува работата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тие двете седат околу масата и ја гледаат Пела како си ги завршува работите за другиот ден без да побара помош, туку само проверка на завршеното.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)