заврши (гл.) - училиштен (прид.)

Кога заврши училишната свеченост, првачињата со црвени шамии радосни брзаа дома.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Во тој интервал, кога се зачестија бомбардирањата врз градот, нив едноставно ги распуштија пред да заврши училишната година и ги ослободија од посетување часови и полагање испити.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога заврши училишната година и кога учениците започнаа д се запишуваат во средни училишта Дарко и Лорета решија да се запишат во исто училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)