заврши (гл.) - свој (прид.)

Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во Минеаполис, Вокеровиот уметнички центар штотуку откупи група од 437 Бојсови асемблажи, графики и објекти коишто претходно беа сопственост на двајца германски колекционери Алфред и Мери Греисингер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред тоа тој веќе го беше завршил својот метален кафез, Why not sneeze Rrose Selavy.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откако планираната изложба ќе ја заврши својата обиколка, Вокеровиот центар на Бојс ќе му посвети перманентна галерија - прва во кој и да е американски музеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Утврди дека нема ниту време а ниту моќ да ја заврши својата одамна започната Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сиот беше живнат, озарен, како да сакаше, со својата беседа, да надомести што не ја заврши својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Неговите најдалечни, сигурни знаења допираа до некој си дедо Велко, кој бил колибар, но и ајдутин, па на ајдутски начин и го завршил својот живот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја заврши својата работа и седна на столче во дворот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Целта на живеењето на секој човек е да се открие себеси: доблужувајќи се чекор повеќе до совршенството, да си го направи животот поубав – ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој одблесок ќе го обојува твојот живот во обземувачко шаренило- Ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потребно е сјајот на неговиот бисер, заробен во тврда лушпа на школката, која пак се наоѓа на дното на длабокиот океан на животот, да допре и да се спои со сјајот на ѕвездите кои се наоѓаат во бесконечно далечниот космос за да се почувствува животот вистински – ја заврши својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го препешачив патот од железничката станица до хотелот Ларбалет со лесен чекор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во 1969-та година тој ја заврши својата збирка Дреамтигерс со епилог во кој прецизно и кусо признава: “Малку нешта ми се случија, а ги прочитав мошне многу.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или поточно, малку нешта ми се случиле а да бидат повредни за сеќавањето okno.mk | Margina #32-33 [1996] 218 од една мисла на шопенхауер или од музиката на англиските зборови”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога стигнав во женева во 7.30 наутро на 15 јуни, ден по Борхесовата смрт, беше премногу рано за да отидам кај Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пријателот ќе го заврши својот совет со сентенцата: „памти ми ја думата: внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога киното ја заврши својата окупација на културниот простор, се се префрли во театарот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Нема што, - помисли - гените си ја завршиле својата задача.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со ова „курирот“ Душка успешно ја заврши својата мисија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислеше на далечната планинска земја Босна (отсекогаш при помислата на Босна имаше кај него нешто темно), која и самата светлост на исламот можеше делумно да ја осветли и во која е животот, без каква и да е питомост, сиромашен, штур и одвратен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа зло длабеше во него и го раскинуваше, а тој не можеше ни да помисли некому да му се исповеда и да му се довери; па и кога тоа зло си ја заврши својата работа и изби на површина, никој нема да го познае; луѓето просто ќе речат: смртта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Послугата ја заврши својата работа и си замина дома, вклучувајќи го и ложачот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Коњот го заврши својот живот в круг, кругот беше нула.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во една пригода, верувајќи во својот предлог Арафат ќе истакне дека во рамките на движењето Фатах, Палестинците и еврејските сафарди, кои го сочинуваат мнозинството во Израел, и имаат многу заеднички обележја и би можеле среќно да живеат ослободени од ционизмот и арапскиот национализам Арафат набргу официјално ќе го напушти својот сон за создавање на една обединета и демократска држава, кога на 15 ноември 1988-та, во срцето на Њујорк, на Ист Ривер, пред двесте дипломати и други поканети ќе го заврши својот говор со зборовите, со стиховите на поетот Махмуд Дарвиш: Ви носам маслиново гранче и пушка на борец за слобода.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Примерот на владеењето на Сталин, чиј култ продолжи со невидени димензии во неговата родна земја Албанија, го распламтуваше на залезот на неговиот живот размислувањето за трајноста на јаничарството, поради кое не можеше да ја заврши својата дамна замислена, па напуштена книга за балканската историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За разлика од кривата на владетелите, со јасна линија на подемот и падот, Арафат ќе оствари повеќе такви криви на владеењето, со чести полети и падови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
LVI Како што минуваше времето и мисијата се ближеше при крајот, Татко и Климент Камилски стануваа сѐ поуверени дека со секој нов толкуван ориентализам во балканските јазици навлегуваа во тајни на долговечното османско време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Митологијата којашто ги зафати балканските историографии во втората половина на XIX и XX век, во времето на подемот на новите држави- нации, во голема мера ја деформира историјата на Царството чие постоење и цивилизациски обележја, кои често биле заеднички со истите народи, се настојуваше по секоја цена да се избришат од меморијата на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Татко беше уверен дека конечно Камилски ја завршил својата прикаска за башибозукот, тој се исправи, прошета со погледот кон наредените книги на рафтовите како вистински војници, кои само тие, двајцата, со нивното читање ќе можеше да ги прочитаат, да ги совладаат, да ги направат безопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога го заврши своето владеење Северецот, и кога фати некаде, во селото пак стаса владиката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Критичарот Владислав Ходасеевич сметал дека со отпечатувањето на романот „Дар“, Набоков ја завршил својата романсиерска должност и дека сега треба неговата уметничка вселена да се облече во нова форма.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако овој закон во прв ред ги засега работниците кои го завршиле својот работен век и станале пензионери, и, се разбира, сите работници како идни пензионери, со него се регулираат и важни прашања кои ги засегаат работниците токму како работници и тоа е причината зошто ја вклучивме анализата на овој закон во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За друго, прашај некој друг, јас ништо повеќе не знам“, го заврши своето кажување Никола Толевски. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветан Горски го заврши своето излагање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И волјата и намерите се подложни на ограничувања, се обидува да го заврши своето објаснување Лев Петрович некогашниот Белогардеец, воен другар на татко ми, и притоа се насмевнува или се обидува да се насмевне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Многу од нив нема да успеат да ги завршат своите срамни, перверзни и блудни планови за оваа ноќ.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Микрофонот се повлекува. Од клозетот се слуша вресок. Излегува Малиот. Крвав е.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По плажата минува едно поголемо теле, Климче го гаѓа со камен.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потребни се само неколку минути откако гостите, посетителите на градината, ќе го завршат својот оброк, па чиниите, со сиот прибор за јадење, остатоците од храната, трошките, да ги снема како да се избришани со волшебно стапче.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
НОВЕ: Каква драма? ЈАКОВ: Каков живот? Го заврши својот еп? НОВЕ: Работам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога Duchamp го заврши својот Акт кој се симнува по скали и кога критиката побрза ова разложување на движењата на едно тело да ги спореди со сликарските дела на италијанските футуристи, знаеме со каква категоричност Duchamp тогаш го порекна нивното влијание; неговиот проект, изјави тој, нема никаква врска со нивната естетика.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ја заврши својата работа и седна на столче во дворот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)