заврши (гл.) - факултет (имн.)

Поради доцнењето, не го положил испитот и не го завршил факултетот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој го заврши факултетот во Скотје за разлика од црвените буржујчиња кои учеа во елитните факсови во Будимпешта и Солун.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Неговите, пак, му рекле дека не мора да работи ништо, за да биде слободен да го заврши факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие сакаа прво да го завршам факултетот кој што го имав започнато и мислеа дека не треба сега да ја пропуштам таа ретка прилика која што ми беше дадена, за што сепак беа во право.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Знам само едно, дека долго време посакував да завршам факултет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како нивно дете, малку постаро од нивните, заврши факултет, правосуден и отвори канцеларија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Го заврши факултетот? - праша Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Роден е во семејство на ирски католици во Масачусетс, а неговиот татко бил офицер. 112 okno.mk Лири завршил факултет, кратко време бил во војска и започнал академска кариера.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Е, баш ќе станам крадец, и лажго и вагабонт! Ќе одам во Елдорадо, како оној од филмот, и ќе собирам златни камчиња од реките, нема да учам и нема да завршам факултет, за инает на тато, - продолжував да си зборувам самиот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Навистина, машкото излезе поумно од татка си, па прво заврши факултет а дури потоа со женачката се вработи, ама пак во радиото како соработник во внатрешнополитичката редакција.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)