заврши (гл.) - реченица (имн.)

Ужасен крик на птица во непосредна близина ја спречи Кети да ја заврши реченицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никој не знае да заврши реченица, а мислите серете алтани додека зборувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Томо се уште не ја заврши реченицата, а Рада како две шила да ја боцнаа истовремено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Сиџилите, Татковите сиџили, Мајко... - не можев да ја завршам реченицата, во залудниот напор да ја прикријам внатрешната вознемиреност, да ги задржам солзите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка не можеше да ја заврши реченицата од солзите што не можеше да ги задржи. ѝ пријде братот кој студираше медицина. Ја прегрна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)