заврши (гл.) - разговор (имн.)

Поучете не пак вие, стари, сте здрели луѓе, да не а оцапаме ние сега, макар да не сме и ние толку зелени. Co ова Доста го заврши разговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако го завршивме разговорот, на заминување, тој ми рече: Вечерва ќе ни биде гост Мустафа Ќемал Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Утредента на истото место, но овој пат со силно турско кафе и цигара, двете дами беа подготвени да го завршат разговорот кој беше почнат претходната вечер.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада како што почна, така и го заврши разговорот не дозволувајќи ѝ на Ивона да поставува прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Брат му ја заклучи фиоката и се исправи. „Зошто не на планина?“ Очигледно сакаше да го заврши разговорот. „Тоа место е слободно од утре.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крај, пред да го завршат разговорот, само рекоа: - Ќе се проучи...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бил Девит беше навикнат на ексцентричното однесување на Даниел, за да се почувствува навреден кога Даниел нагло ќе го завршеше разговорот и ќе се упатеше накај канцелариската барака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со ова објаснување Водомар го заврши разговорот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На ова и се заврши разговорот за одењето на утринска литургија во црквата Света Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го известуваше Фарук Кадуми, најверојатно за преговорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најдов пред кабинетот на другарот Сојузен, во очекување тој да го заврши разговорот со друг вратен амбасадор од мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниот разговор во барокното здание на Сојузното министерство за надворешни работи во Белград, требаше да го имам со тогашниот сојузен секретар, односно министер за надворешни работи Будимир Лончар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Арафат го крева маслиновото гранче на мирот, а ја спушта пушката! - ги коментирав зборовите на Кадуми, откако заврши разговорот со Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури кога заврши разговорот, кога пациентот стана, се наклони и го напушти подиумот, јас сфатив дека д-р Мек Нивен беше човекот кого го сметав за пациент.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Години подоцна, по завршувањето на медицинската школа, шесте месеци во неврохируршкиот оддел, и двете години како психијатар во британската армија, тој беше многу изненаден кога како негов администратор му ја раскажав приказнава. (...) Margina #21 [1995] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И, добри мои читатели, да го завршиме разговорот со тоа што ќе повториме дека сите сме должни да се бориме за поубав свет, свет во кој сите ќе бидат еднакво среќни, во кои сите ќе се почитуваме и ќе си помагаме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да го завршиме разговорот за првата љубов со една песна од поетот Мирослав Антиќ: НАПИШАНО В СРЕДА Првпат в среда се сретнавме - дотогаш не се ни позиававме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И да го завршиме разговорот за давањето и помагањето со тоа што ќе се согласиме дека помагањето и давањето се убава човечка особина, што и му помага на човештвото да опстанува и да се развива, но барањето и очекувањето некој потоа да нѐ фали, да нѐ возвишува и да ни враќа, е грдо и нечовечно!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)