заврши (гл.) - приказна (имн.)

Но тука секако не заврши приказната - за да не остане покуса, Кристл се врати со нов тањир, го стави на маса и рече: „Добро, ако вам злато ви е отровно, тогаш еве ви го овој сервис од кобалт“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Човековиот дух е најмоќен. Човекот е вистинско чудо – ја заврши приказната старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И, во еден момент, кога Иван Степанович оценил оти тоа е најпогодно, му го вденал зрното во тилот, и ја завршил приказната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како ќе се заврши приказната.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жими ти, сине, секогаш, откако ќе завршеше приказната, чесните по правило ми заличуваа на оние, одвејаните, кои ќе останеа како и плевата подалеку и понастрана од житото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, гледате, затоа сум така радосен и нежен!“ - ја заврши приказната есенскиот ветер, а потем праша: „Сакате ли сега да си поиграме?“ „Сакаме! Сакаме! Сакаме!“ - извикаа сите.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)