заврши (гл.) - мисла (имн.)

- Чисти се, бандо, инаку... Не најде збор со кој би ја завршил мислата и страшно мрдна со црните мустаќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не плачете што одам... Има уште многу што нема да потклекнат и што смело ќе го докрајчат... - кундакот не му даде да ја заврши мислата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се вратиме од Луксембург кога ќе заработиме за куќа. Но дотогаш... Ацо не ја заврши мислата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лошото пред човекот му е дадено да го види, како репер, да го „стави на кантарот“ за да ја процени тежината на доброто – ја заврши мислата старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)