заврши (гл.) - војна (имн.)

Заврши војната, а уште многу животи ќе одат курбан...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одвај чекам да заврши војната и штом заврши, јас ќе се женам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој не мисли подобро ни за војсководците: “Оние што би требале да ја завршат војната, ја развлекуваат; имаат интерес да траат непријателствата бидејќи без нив нема доход ни пензија; за да не се најдат на улица по војната, се тетошат со непријателот”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Македонија ја заврши војната со формирани 55 бригади, 9 дивизии и 3 корпуси.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во зимата 1944/45 во борбите за конечно ослободување на Југославија на Сремскиот фронт од Македонија бил испратен XV корпус (командант Алексо Демниевски) во состав од две дивизии (42-ра и 48-ма) со над 20.000 борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А кога ќе заврши војната, ја прашувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врвеа годините, и тие нестрпливо чекаа да заврши војната.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И еве, кога војната заврши, место тие за заминат, се врати Тасе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Треба да се има предвид фактот дека Тито во своите планови за иднината на Југославија сепак предност им давал на териториите кои биле под италијанска окупација (Истра, Јулијска Краина, Трст), а за прашањето за обединувањето на Македонија сметал дека тоа не би требало да се поставува "акционо" додека не заврши војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа на македонските претставници им било соопштено на островот Вис за време на разговорите со претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Потоа, откако заврши војната, гробиштата ги пренесоа на источниот крај од градот, во Усје.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зарем нејзиниот постар син Ариф не го знаеше францускиот јазик и не ги познаваше добро француските војници на чело со командантот на воената територија на Подградец, припоена на тогашната Република Корча, а зарем тие не му ветија еден ден, кога ќе заврши војната да го прифатат на студии во Франција? Зарем не му беше ветена иднината?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред шеесет години заврши војната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Кога заврши војната, започна ловот на непријателите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Луѓето ќе живеат среќни кога ќе заврши војната и ќе дојде слободата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мане Шнајдерот имаше занает, јас се размислував, ќе живееме можеби поарно, мислев ако го земам, но сметав дека е подобро да се почека прво да заврши војната, само тоа ми беше во мислите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И ќе пиеме ние и ќе нагаѓаме кога ќе заврши војната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)