завртува (гл.) - кон (предл.)

Ако беше дома и ако го чуеше езанот на муезинот за акшам намази, се завртуваше кон Тодора и важно соопштуваше: „Акшам намази”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Нацртај го Фигаро! – вели Лидија. Зоки се завртува кон ѕидот и почнува да црта.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И Зоки пак се завртува кон ѕидот и со своето јагленче црта многу, многу тркалца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
АНЃЕЛЕ: Ќе видиш, татко! (Му бакнува рака и се завртува кон Котета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Славко молскавично се завртува кон Капетан Драган и испукува рафал радиоактивни врели лепешки.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)