заврти (гл.) - со (предл.)

Поита кон собата на Томо. Го виде како седи потпрен на креветот, со инфузијата која се цедеше во неговата рака, а пред него стоеше строен човек, завртен со грбот кон Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гаро, којшто сега беше пуштен, ја подаде главата од сенката на шталата, заврти со опашката, но не дојде до мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
ИЛИЈА: (весел, завртен со главата кон Антица). Ви благодариме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Така ни течеше тогаш животот: ќе го призакопаш мртвиот, ќе му забуцаш над глава крст од две гранки, ќе се помолиш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак ќе ѝ се завртиш со чело на својата мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ама она му ги слуша неизговорените зборови, ти се колнам, оти пред малку, додека таа го спомена името Дончо тој прекорно заврте со главата, а кога слушна дека не се во исто одделение само што не скокна од радост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мурџо заврти со главата кога го слушна името Дончо, а Пела продолжи Не ја видовме тетка Чана таа не беше дојдена, а баба Митра помалечка од Дончо! Знаеш, не сме во исто одделение!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Луѓето ќе подзапрат, ќе завртат со главите и ќе си заминат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите го погледнаа трепкајќи и тогаш, сфаќајќи, се насмеаја и завртија со главите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)