заврне (гл.) - снег (имн.)

Под пријатната тежина на покривките нејзиното тело беше благодарно топло, заштитено од навестувањето на студената белина, како бисер во школка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со едно пристискање на копчето го испрати извештајот и стана да си направи свежо кафе, оти знаеше дека телефонскиот повик што следува ќе трае долго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие веќе ги имаа стокмено само очекуваа да заврне снег. Првиот снежен ден во оваа зима помина весело.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оваа зима е некако постудена од другите, си помисли кога погледна низ прозорецот и виде дека повторно заврнало снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А Тоше дојде еднаш пред да заврне снег и од тогаш не бил веќе.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ајде, да ви кажувам. Прво ќе застуди многу, многу, потоа ќе заврне снег и сè ќе покрие.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
По звукот на утринската тишина и по светлината што влегуваше во собата сфати дека надвор заврнал снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А татко им, па и дедо им Коце штом ќе речеа: утре ќе е ветровито, или, утре ќе заврне снег, тоа скоро секогаш беше така.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)