завлече (гл.) - во (предл.)

Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Добра ноќ! - тивко прошепна малото гумено мече и се завлече во темнината, некаде под масата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога зборуваше и збор да речеше сите замолчуваа, никој не му упаѓаше од страв да не биде завлечен во разговорот и да не знае како да излезе од него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги почувствува во својата крв сите свои дваесет и пет зими и, не сфаќајќи како го бара својот спас, се завлече во касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Патешествието е веќе во тек“ („The seeker on the way of sound“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малите квадрати на нивните лица беа меки и влажни, предавнички голи; и молеа се ова да се прекине, и тие сите, колку што ги имаше во салонот, да станат кртови, да се завлечат в земја, и зашто черупките има беа полни со звучен експлозив, расеамо помагаа за да станат во таа ноќ сведоци на една хазардна игра во која тој многу вложи и многу доби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еве вака! - рече Бојан, па се завлече во папратот, удирајќи лево-десно со стапчето, разгрнувајќи ја тревата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А волкот, волкот, којзнае во која темна корија се завлекол во овој долг, сончев ден!“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кузман полека чекореше. Рацете му беа завлечени во длабоките џебови, паларијата - зафрлена на тилот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се завлеков во дворот на Димка, внимателно и на прсти. Како ајдук.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)