завитка (гл.) - во (предл.)

Чичко Петре ја разгледа внимателно, а потоа ја завитка в крпа и ја пикна в пазува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За жал, во текот на заедничкото туширање потоа, грчот на мажот се врати со таква силина што беше принуден да се завитка во пешкир и да легне пред да се осуши, со колената привлечени кон градите.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Вечерта заврна дожд. Планината се завитка во црно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Изгубен во осаменоста ќе беше малиот Дом Без оној дрворед од сомненија И без приказната што ти ја принесуваат Духовите на тас од ветрови прачки Завиткани во срма од месечина, Негде во предградијата на реченицата.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го завиткал во едно веленце, за да не се досети некој дека сокрива нешто скапоцено, и го однесол дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го завитка во многу свежа трева и почна топката да ја врти меѓу своите дланки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Завиткани во излитени италијански ќебиња, по полноќ ги погребаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Езерото беше пурпурно, розова занес, бисерен аметист со квечерина, а потоа се потопи во ноќна црнина со чипка од свилена пена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се бакнувавме цел ден - цело лето - бакнежи со вкус на разни видови сјај за усни и премногу Кока Коли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Како фетус,“ реков, кога ја изнесуваа од собата за која велеше дека е матка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Надвор врнеше. Капките дожд удираа силно по прозорецот, звукот што го правеа удираше по нашите зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Телото веќе ѝ беше здрвено. Ја завиткавме во чаршаф така склопчена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ископавме плиток гроб. Немавме ковчег. Ја завиткавме во чаршаф. Врнеше.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го затворил тевтерчето и го бакна кадијата, та го кладе на глаа за голема чес да му стори и го завитка во трите мушами, та си го кладе в пазуа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
УМОТ И К'СМЕТОТ Си било едно момче будалесто и многу сиромашко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ооо, аџи, добре дојде, аџи, море што вака, аџи - побрго дојде одошто ојде? - му рекле сите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поодил пишман аџијата некој саат и си собул јемениите од нозе, та си 'и врзал за појас.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И курдисал царев син свадба, токмо три години, а Еѓупката ја завиткал во една смолосана и катраносана ругузина, та ја запалил и жива ја изгорел, за да се прикажуа и до ден - денеска за неверната Еѓупка и за верната сончеа сестра.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- И го завиткавме во платна, во кожи, во кожуви, оти беше многу тепан, сета мрша набиена...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред уште сите да се соберат пред првата двоколка и пред уште да се сетат дека идните мртовци ќе ги закопуваат без да ги завиткуваат во бело, неискапени и непроменети, без варена пченица и без запален темјан, Онисифор Проказник кренал рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште сите и не го виделе нивното враќање а тие веќе стоеле возбудени пред челникот и, мавтајќи со раце како да се бранат од невидливи оси, му раскажувале нешто. Запрегите запреле една по една.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не сите: се извлекле некако со пушки од сардисаното село Онисифор Проказник, Арсо Арнаутче и Лозан Перуника и со клетва над нож и Библија му објавиле војна на зулумот, на намразениот Али-бег и на сѐ што било под него и над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Деновите се склопчувале, згуснатите снегулки понекогаш го смекнувале студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Идниот ден на гробишта во Крушица од Стерјо се простиле само мајка му Суада и двете сестри Лејла и Вера.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го завиткале во чаршаф со спуштени раце на стомакот и го однеле со комбе во Одделението за судска медицина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија погледна преку рамото и виде дека автобусот е полн со жени на различна возраст и во разни положби, кои спиеја завиткани со исти прекривки како и таа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако се подисуши, Марија седна, се завитка во покривката и се обиде да запали цигара, но чкорчињата беа влажни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Морав да го завиткам во крпа, зашто...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѕвезда навлезе во маглата и небаре се завиткува во ладникави превези да си го разлади таговниот огон во неа разгорен.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ја завитка во шамија и ја стави в џеб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се почуди, се помисли, го тратна малото во пепелта и солта што ги спрема порано, го извалка и го завитка во една пелена приготвена од Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На кинисување Нешка се засрами да си ја земе китката, ама Тода, како мајстор од занаетот, ѝ намигна со око и ѝ ја покажа, а таа тоа чекаше, ја грабна и ја завитка во ракавот, велејќи и фалејќи ѝ се на Тода со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митра слуша што зборува Доста, слуша и горни крај дали ќе вресне тоа кучило што го завитка во пелената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се завиткуваат во перја на мртви птици, во мртви латици од гладиоли.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зеленооки Марии, најсмешно ќе биде ако една од вас се завитка во црно. Црно? воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сончева полава и наезда на капка роса. тој немир ме завитка во кора и ме претвори во страшлиивец кој што нема нерв за страв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе речат – си отидоа вчер или пред некој век Завиткани во многу студ и во малку грев И веќе ги нема.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Лицето ѝ беше завиткано в темен превез од силните рефлектори поставени зад неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Навистина, можете да се смеете, но јас никогаш не го изневерувам она што еднаш вистински ќе го почувствувам).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со дланките си ги стегаше ушите за да не ги слуша лелеците и викотниците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го заклавме овенот, истолчивме два леѓена кромид и го завиткавме во кожа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дури потоа ќе кренам грчко знаме...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Успеав нагло да свртам и во тој миг камионот удри во џипот, ама странично. Јас останав закован за воланот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Толку те завиткале во гипс што не можеш да си го најдеш... - За да мочам, ами камо за друго, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаеш ли зошто сум тука јас, а? Знаеш ли дека и тебе, поганецот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш момчето ми имаше петнаесет години. Машкото ми растеше како фиданбојлија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ што ми е отскриено, ми се завитка во отоци. Рацете, лицето, сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги завиткале во извалкани шамивчиња и — ѕин, ѕин, ми прават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме завиткале во кожи, во кожуви и ме кренале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се качил на едно дрво и се завиткал во капицата сено меѓу гранките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се готвеа за селење внимателно ја завитка во мека хартија, ја кладе во училишната чанта - и еве, ја зачува цела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мајка ми свари јајца, две парчиња леб ми намачка со маргарин, меѓу нив парче сирење, еден домат и сето тоа ми го завитка во бела крпа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги завитка во еднобојна хартија, залепи етикети и ги потпиша.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Пак останав сам, пак... - си шепотеше и уште потажен од вчера, се завитка во својата осаменост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ништо не рече, само уште повеќе се завитка во својата тага.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)