завива (гл.) - низ (предл.)

Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Те барам, но не те наоѓам во студот. Ветерот завива низ боровите гранки, во тивкиот град.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Девет пати ќе ја очисти куќата и во мразно доба, кога гладните глутници, предводени од Куциот со волчја глава, завиваа низ маглата, таа, пред налетот на виугливите болки, изгонета и презрена од семејството и градскиот космос, се пораѓа во студот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)