забрза (гл.) - историја (имн.)

Зар е можно толку да се забрзала историјата на Балканот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се разбира ова беше грешка со трагични последици.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По доцниот пад на сталинската диктатура и стремежот во еден здив да се фати ритмот на новото време, по катарзата на внатрешните пресметки и реваншизмот, по отворањето на половина век затворената земја, овде како никогаш се беше забрзала историјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако постои рајот во внатрешноста на историското време, тогаш ќе следат напорите да се забрза историјата, без оглед кој ќе ги поднесе последиците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)