забрани (гл.) - на (предл.)

По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Телеграми беа испратени до великиот везир за таа работа и двајца претставници беа испратени во Цариград за да ја молат императорската влада да му забрани на владиката да се меша во работите на општината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Законот од 2007 предвиде и можност Владата да ги намалува и менува квотите за вработување и работа на странци по региони, области, компании и работни места и да поставува ограничувања и забрани на приливот на нови странски работници во целост или во одредени општини, ако постојат добро основани причини дека ова е од јавен интерес или општ комерцијален интерес (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)