забрани (гл.) - вршење (имн.)

Инспекторот на трудот, со решение, ќе го забрани вршењето на работи на работодавачот ако затекне да работи лице со кое не е заснован работен однос во согласност со закон и колективен договор и за кое не поднел пријава за задолжително социјално осигурување (чл. 259, ст.1, ал.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава [образец М1/М2] за работникот во задолжително социјално осигурување [пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на невработеност], во согласност со посебните прописи – во АВРМ, по електронски пат или непосредно во Агенцијата, пред работникот да стапи на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правата, обврските и одговорностите врз осно- ва на вршењето на работата од работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)