заборави (гл.) - колку (прил.)

Секој, освен можеби месечарите, наполно би се изгубил.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога подолго време не си близок со маж, забораваш колку силно може да биде тоа машко Его.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За еден момент беше заборавила колку силно грееше месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Време е да одиш по симиди - ме поттикнуваше Катерина откако донесов бокал вода и ѝ го поливав вратот над мијалникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И отидовме: ќе ја земеме Велика. Ама сватовите се опијанија и заборавија колку има, колку нема, што им треба, и што не им треба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)