забележува (гл.) - само (прил.)

Жештината и сушата не ја забележуваа само децата. Особено Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Или помеѓу зборовите на вака скудно изразеното незадоволство поради необмисленото однесување сепак беше содржана и премолчаната благодарност за љубовта што и ја беше понудил непознатиот војник на бел коњ, и убавите денови што можеби ги имаше поминато со него (за кои никогаш не беше спремна да раскажува); да не ја забораваме притоа и разочараноста која иако не беше најдитректно искажана веројатно навраќала во нејзините размисли шепотејќи и грдо и неутешно дека замаеноста од лудата среќа за жал премногу кусо трае?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Винстон знаеше дека тие се таму, но ги забележуваше само повремено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)