жали (гл.) - по (предл.)

Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Кутрата јас, пред кого се жалам по денешната среќа што ме огреа?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги научив нивните јазици, научив ладино, научив и грчки, ги проучив нивните книги, ги знам нивните обичаи, влегов во нивната политика, ја освоив довербата на нејзините предводници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поарно е да жалат по тебе одошто да те презираат и да те мразат”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нема да жалиш по загубените принципи, што се причина за страдањата – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)