жали (гл.) - на (предл.)

Денес, тој е средовечен човек, уредно облечен, испеглан, намирисан, понекогаш ми се жали на несоница, особено кога пишува книга чија содржина го вознемирува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некои луѓе (многу мал број) по долга употреба на оваа дрога, имаат проблеми со дишењето кои се толку опасни што можат да предизвикаат смрт; други се жалат на пре-стимулација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, во исто време, се отвора психотехнолошки јаз помеѓу докторот и пациентот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хирурзите се жалат на губењето на непосредниот контакт, како пациентот да им се измолкнува испарувајќи во фантом од битови и бајти. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 53
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се жалеа на пороци и грубости од професорите кои не се воздржуваат од примена на сила како метод за зајакнување на актерското его.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Турчинките беа пријатни жени: ја слушаа со внимание кога им се жалеше на болештините.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се жали на ова и на она, на немаштија и на не знам што, а сака повторно да се жени.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А „културните“ будали што нѐ доведоа до таму и понатаму го опседнуваат бедното министерство и се жалат на суровите времиња кои немаат разбирање за нивната ступидна „култура“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се жалеше на срцето. - Срцето? се насмевна жената. - Токму срцето, а?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ана и Зигмунд ме молеа да тргнам со нив по градот, но јас се жалев на болката во коленото. Навистина поткривнував.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седев во собата и се сеќавав на разговорот со брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекалните ни се полни со пациенти, најмногу деца - ученици, а и постари лица, кои се жалат на отежнато дишење, кашлање, а вирозите предизвикуваат и високи температури.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Не можев, вели не можев за тепањето да му се жалам на оној што ме натепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)