експлодира (гл.) - бомба (имн.)

Си помисливме – веројатно има некоја свадба во селото, но наднаш потоа експлодира бомба и пушки почнаа да пукаат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе помислат дека во авионот експлодирала бомба останата од порано.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Посетителите на кафеаната, сфаќајќи за што всушност се работи, успеале да избегаат пред да експлодира бомбата112.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај тоа што големата и убава црква беше претворена во кино сала, господ во кубето што не успеаја возрасните да го премачкат или покријат, имал контрола на ситуацијата и не дозволи да експлодира бомбата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чувме една пушка, а потоа еден тапан, чука ли чука.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)