е (гл.) - токму (прил.)

Дијалог со културата и цивилизацијата е потребен пред сѐ, со цел да се унапреди човековата спремност, неговата способност и самодоверба, заради креирање на неизвесноста на сопствената иднина со интерактивна комуникација, осигурување на раст и креирање на културно- цивилизациски развој! Решението на загатката е токму ова!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак, не би можеле да речеме дека мејл-артот значи весело чекорење наоколу со извадена „уметничка“ утроба; тоа може да биде опасност - тнр. „естетска промискуитетност“ - но од неа ионака боледуваат голем број уметници, без разлика дали се мејл-уметници или не; штосот е токму да се демистифицира уметноста, да се направи полична, подиректна, но сепак притоа задржувајќи одредена барем иронична нота на официелност; тоа и секое писмо делумно го содржи, веројатно тоа сте го почув­ствувале, таа „званичност”, таа стегнатост и тој објавувачки тон (колку и да е писмото интимно!), и тоа е уште една од тајните моќи на мејл-артот, парадоксот на едновременото демистифицирање и мистифицирање на уметноста, но сепак со акцент на она првото, бидејќи тоа е трендот на овој век, почнувајќи од Дишан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако некаде мириса на ориент во Солун, тогаш тоа е токму на пазарот, оној што граничи со „Виа Егнатија“, со „Цимиски“ и уште со некои главни солунски магистрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сомнежот наведува дека смртта би можела да е токму пред носот, Тоа сигурно би била неочекувана последица од Росентхал-овата голема романса со апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најлошо е токму тоа, женските: куп сало што го го ниша газот. Со израз на задоволство! Margina #19-20 [1995] | okno.mk 37
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еден од најзаостанатите пунктови на нашата општа заостанатост е токму маркетингот, вештината како јасно, прецизно и шармантно се комуницира, а притоа се заработуваат и пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Комуникациони стилови и типови во бизнисот Каков си бе ти тип?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
МАРКЕТИНГ
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А сепак девојчето го сожалувам иако со забите одвај ја додржувам сеуште неизречената помисла: „Другар Канчевски, верувај, тоа беше најмалку од она што требаше да ти се случи!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто: дали животот на мајка ми всушност претставувал едно вечно секојдневно заминување во се подлабока самотија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
В ред, в ред, тоа не значи дека сите ние не заспиваме и не се будиме со уверувањето дека не сме премногу злочести.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали мора да е токму вакво лицето на нерадосната пустина во која на крајот ќе опстане само жедниот кактус на нашата осаменост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ е токму така како што велам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На рана возраст во животот, во кои и да е миг кога стануваме силно свесни за своите желби, геј-мажите откриваат дека повеќето човечки суштества што нѐ привлекуваат ни најмалку не се заинтересирани за сексуална врска со нас, дека не ги привлекуваме и дека не може да ги привлекуваме и дека некои од нив самиот факт за нашата желба ги грози.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(Сигурно, возможно е да се обопшти овој феномен на луѓе што не се геј- мажи, бидејќи сите во еден или во друг миг почувствувале дека голем број од гламурозните по кои желувале се над нив, недостапни, па дури и дека чувствувале одбивност; но барем хетеросексуалците не чувствуваат дека предметите на нивната љубов им се категорично недостижни, бидејќи спаѓаат во погрешниот пол, што е токму она што го доживуваат геј- мажите).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И иако ова обично не се обзнанува како етичка визија, тоа перверзно е токму тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Најдобриот начин е токму медитацијата: кога човекот медитира, сигурно се пренесува до примателот, брановите се смирени, патот е чист.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
57. Се однесува за МНЛД во С.Петербург (пред коешто е и читан овој реферат), официјално образувано на 28.10 1902 год. и чиј прв потписник е токму К.П.Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САВЕТКА: (со себе си). И момичево не ми е токму на умот! (излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нашето место сега е токму овде. Ние мораме да учествуваме во неволјите што следат...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова наследство, уверуваше Татко, ќе стане дури и интегрален дел на културниот идентитет на балканските народи, но со повлекување на Османлиите од Балканот и со здобивање со национална независност на некогашните милети и со нивното свртување кон Европа, ќе биде загрозено исламското културно наследство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби си во право, ќе додадеше Татко, нагласувајќи дека еден од мотивите за запознавање со исламската/османската/ориенталната компонента (во тоа ја вклучуваше и нивната мисија) можеби е токму тоа што таа не е мртва, скаменета, врзана само за османското и поосманското раздобје во нивната историја, туку таа е и понатаму жива, динамична, дури и продуктивна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа математичка „интроспекција“ се покажа крајно плодородна и нејзината можеби најбогата импликација е токму откритието на Гедел кое е познато како Теорија за Некомплетност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Чардакот на Сукаловци е токму карши сонце — право на исток.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но што да ви правиме ако не верувате дека е токму ваков?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)