е (гл.) - тивко (прил.)

- О, колку е убаво, колку е тивко - шепотеше таа, триејќи си ги местата што пред малку ѝ беа стегнати со ремените. - О, колку е тивко и убаво!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Колку е убаво... - си мисли. И мислата, гонејќи мисла - повторува - колку е топло, колку е тивко...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веќе е доцна попладне. Надвор сѐ е тивко, но и многу студено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ништо не ми е, така… малку ми се слоши, но сега помина… Надвор е тивко?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Празникот Преображение поминал и сега сѐ околу него е тивко и во неколкуте викенд- куќички поназад таму, на местото на некогашното големо село, е тивко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во пролет не е тивко. Во мај има врева, еден немир.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Толку е тивко и глуво што осеќам како се помрднува воздухот: од кај ме полазува, каде ме подгазува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ноќта е мирна, одвај само шепотат долу брановите. Глигор е на прозорецот. Во ќелиите е тивко.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)