е (гл.) - обично (прил.)

Ова е обично заменување на една глупост со друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во твојот папок е, Луцијо, оти јас го пренесов центарот на вселената од циркусот во твојот папок; каде и припаѓа, каде отсекогаш и бил, само тоа Земанек не го видел, а и ти не си видела; кажи му дека е обично добиче“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да нема барем гајлиња со женската убавина, која е обично за други радост а за мажот грижа, и тој е само нејзин буден чувар, кој зад седум пердиња ја крие за да не стане шербетлија мамка за секакви гадинки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа не е обично спиење, туку некакво малаксано растопување, копнеење и бегање од самиот себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војна е, и нема обични разговори, обичен живот, растеше отпорот. И ништо не е обично.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Единствено Луис Адамиќ сметал дека „балканскиот дух избива во преден план и е многу поконкретен отколку што е обично“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нејасното мислење за слободата, според него, добило конкретизирање со тоа што балканските нации „сакаат да ги тргнат народите и земјите на Балканот од дофатот и меѓусебното дејствување на империјалистичките сили, независно дали се од Оската или не“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Возачот Бешир конечно го нема. Ситуацијата е сигурно критична, ме предупредува Гзиме испраќајќи ме со децата кон споредната порта на резиденцијата, каде што е обично паркиран темно-синиот мерцедес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На тоа лице, ни грдо ни убаво, сѐ е обично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не кажувам дека страшниот стаорец всушност е обично, мало, беспомошно глувче, фатено во стапицата во мојот подрум.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И Димче наеднаш се почувствува среќен, пресреќен, затоа што пак е обично, весело дете, како сите деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)