е (гл.) - доцна (прил.)

Не е доцна да се почувствува Тој остар сек Како челуст на ѕвер И да се чита и натаму со страст Вечната Книга Во која долго и продолжително капе Заслепувачката светлина на сонцето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Грчевито ја собирам ногата. Но веќе е доцна и дури неумесно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ДУШАВА МИ ЈА ТОПЛАТ ТИЕ ИЛЈАДА СОНЦА ВО ТВОИТЕ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никогаш не е доцна на вистинската љубов да ѝ дадеме втора шанса.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А ако е доцна? Леле, не дај боже, кој би му излегол пред очи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Веќе е доцна попладне. Надвор сѐ е тивко, но и многу студено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
— Пријавете се во Црвениот крст, ми велат, ама и за таму е доцна. Море ампа, море рампа!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувствуваше дека за сѐ е доцна. Дека сѐ е веќе речено. Завршено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сепак, требаше да ѝ кажам! Сега е доцна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше свесен, при животот во залез, а нашите во изгрев, оти е доцна да го огрее повторно цариградското сонце.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И стана од столот, па се сврте кон Митра скоро навредена што таа не се сетила дека веќе е доцна, Митро мори знјш коа коа е?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Размислете, другари, сѐ уште не е доцна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Утре ќе бидам претпазлив. Утре може да е доцна.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Не е доцна, мајкин, за петнаесет минути сѐ ќе е готово.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Имам план! Бомба акција! “ викна Љупчо, удирајќи го Дејко по рамото.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Доцна е“ реков, “веќе се стемнува.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЛУКОВ: Сега е доцна. Минувачите околу тој агол се сосема ретки, може некој од неговите луѓе да Ве забележи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- За нас е доцна, - се огласи Воскресија, - го чекам Коља од далјаните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)