е (гл.) - силен (прид.)

Тежат онолку колку им е силна љубовта, копнежот... само еднаш се спојува случајноста во бесконечност...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Неговото оддалечување е силно опнување на нишка што се наоѓа длабоко закопана во срцето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Рицман е силен. Го симнува кловновскиот минијатурен цилиндар од своето голо теме и вади од него многу шишиња.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сто пати сум ти рекол, внимавај како се однесуваш, не го гледаш колку е силен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пиљарот е силен и висок човек со развиени мускули од боди-билдинг вежбите со кои веќе долго се занимава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој е стар, ама сѐ уште е силен и може дамче дигне во воздух...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Човековата врска со космосот, чија што прашинка е и тој самиот, е силна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Гравитацијата, нејзиниот влечен систем, е силен. Таа голта незабележливо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)