е (гл.) - неопходен (прид.)

Тој чекор е неопходна последица од неуспехот на сегашното востание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го галам неговото осле, покротко и од него и само го прашувам и препрашувам каде се, кај се откорнале луѓето, кај отишол и Господ-бог прашувам?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А момчето исправено и загледано во морето не кажува ни три збора: доста се два, помислува, можеби не кажува и два, достатен е еден, помислува, можеби, не е неопходен и тој, помислува, можеби - тишината е нашиот мајчин јазик.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
При ваквите симптоми медицинската помош е неопходна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па сепак, трудот на експлоатираните народи околу Екваторот не ѝ е неопходен на светската економија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следува дека секој од спротивните полови на конструктот е „позитивен” сам за себе. (види Benjafield 1983). Husain (1983, стр 16-18) понатаму забележува дека: Дефиницијата на биполарноста како релевантен контраст, како контраст кој е неопходен за значењето на конструктот, е интензионална . . .
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Саркањац тргнува од фактот дека за модерната идеологија е неопходна нејзината поврзаност со науката, дека идеологијата како корпус на знаење всушност секогаш стреми да се легитимира како наука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во втората глава се разгледува идеологијата од аспект на нејзината определивост како епистеме или како докса, поконкретно, “иманентниот проблем зошто идеологијата не ја прави разликата помеѓу епистеме и докса”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Римата му е неопходна на Мајаковски за да го назначи ликовното во поезијата?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)