е (гл.) - историски (прид.)

Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се сеќавам кога самиот за таа фотографија велеше дека е историска, оти штотуку ја имал соблечено партизанската униформа и за прв пат облекол костум.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)