е (гл.) - ист (прид.)

Кај животинскиот свет, судбината, исто така, има различен аршин. Судбината на магарињата е иста, но не е со онаа на овците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да, неа уште не ја оставаше надежта. Таа сепак беше толку паметна да процени дека Пискулиев е исти страдалник како неа, да го промери и да го сфати како што тој можеби не би знаел да ја сфати неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стратегијата што ја следат сите три сили, или барем претендираат пред себе самите дека ја следат, е иста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проблемот е ист за сите три супер-држави.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во овие патеписни репортажи, од моите патувања во странство, поместени се и тие „Од Париз до Истамбул“, искористена е истата методологија на презентирањето на ракописите, по држави и хронолошки, меѓутоа тие се надополнети и со репортажи, објавени во „Моите бележења“ („Полог“ - 1978 година) и уште со десетина други репортерски белешки, кои за првпат се јавуваат во предложената книга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во едно ќоше од дневната соба забележав повеќе столни лампи со убав абажур и се загледав во нив - Колку се убави секоја на свој начин, ни ниедна не е иста со другите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Следното утро кога станав, т.е. веќе беше пладне, ме разбудија плискавиците од дождот што силно го беше зафатил убавиот град Охрид кој без сонцето делуваше некако тажно, како да не е истото место.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Аналогијата е иста: Shannon-овата теорија е теорија за количество на информација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Всушност тоа е истиот пат што човек го изминал низ животот на еден човек во еден час, еден ден или една недела да е снимен на лента така што секој квадрат да е сликан на секоја секунда.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се опираше. Не, никако, мислеше. Никола не може да е ист и мртов како што беше жив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но силно се изненадил кога видел дека тој е истиот оној младич што пред неколку години му послужил како модел за ангелот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А сите ќе те убедуваат дека тоа е истиот оган.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Што дека е Турчин, а? Ти кажуваат ли овие треперења на неговото срце, дека душата на сите ни е иста, а ибн Тајко?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ме прашуваш за човекот на џамлакот а ти сигурно и лично го познаваш? - Цената на одговорот е иста!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А по колку чашки добиваш од службите, за информациите што им ги носиш?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Друг е персоналот, други се питомците. - Да, само зградава е иста и на исто здива. - Реновирана е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гласот им е ист: писклив и дрдорлив, но едните порано беа вистински попови и ѓакони: носеа брадишта и долги мантиести шинели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И фаталноста, антипод на сигурноста, ни е иста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ами тоа е исти што и против власта да одиш, голтар да бидеш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Не е разликата во зборовите, вели Витомир, пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови. - Луѓето се исти, велам јас, ״ама умот не е ист во луѓето“ , се присетувам на зборовите од Лазора Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)