е (гл.) - вечен (прид.)

-Тоа е вечната борба во умот на човекот, борба за освојување на умот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас сум вечност, ко што е вечен мојот син, одамна повикан од Господа Бога.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
У склопот на овие кружоци, главна трибина е вечната дилема: дали подобро се живее у Македонија со 500€ или овде со 5,000$?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Темата за „сервилни музи“ е вечна, комплексна и карактеристична не само за тоталитарните општества.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дека Партијата е вечен заштитник на слабите, посветена секта која прави лошо за да може да дојде доброто, која ја жртвува сопствената среќа за среќата на другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)