е (гл.) - реалност (имн.)

Тоа е реалноста на животот, партитурата се повторува како пејсаж осипан со оази на привидно блаженство во кое нема место за вистините на срцето, жед за вода во пустина и фатаморгана во која постојат само “вистински лаги”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Носат... Да, тоа е реалност... Да, токму така!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш им зборуваше дека земјата што еднаш ја знаеја како своја се распаѓа и дека војната е реалност на која треба да сметаат и за која треба да се подготвуваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За измамници, манипулатори, За нечовек беден, човек кој не е човек, кој чудовиште е, е реалност, Станува збор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
3. Третото гледиште, можеби почнувајќи со Кондијак и продолжувајќи преку Жак Дерида (Jacques Derrida, 1978), е дека јазикот е реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Затоа ова едноставно ги води будистите до идејата за медитација која се користи за да ги оддалечи од јазикот, доведувајќи ги во допир со реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)