е (гл.) - распуштеница (имн.)

Со секој чекор како да ѝ бабреле високо кренатите гради под кошулата, Меката кожа на лицето со прво руменило на младото сонце внимателно ѝ била покриена со дамки на проѕирно злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ружа овој пат нападна директно. - Како што реков, твојата ќерка е распуштеница со тапија и тоа од глава до петици.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- А знаеш ли дека таа е распуштеница ... - недовршувајќи, Томо повторно ја прекина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)