е (гл.) - предмет (имн.)

147. Кралот и царот на средновековна Србија Стефан Душан (1308-1355) мошне често е предмет на размислувањата на Мисирков, при што особено се нагласува посебниот однос на царов спрема Волкашина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Привидот е предмет на уметноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Индивидуалното битие е раздвоено, чинејќи обестелесено јас и тело кое е предмет што сопственото јас го посматра, сметајќи го од време на време за обичен предмет меѓу останатите предмети во светот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многузначноста, поливалентната згуснатост на смислата на времето да ги сече сите можни духовни оски и рамнини, е предмет на поезијата и влегува во нејзината филозофија како нејзина централна составка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Симптоматична, и се чини противуставна, е категоричната и императивна одредба, којашто вели дека „против решението не е дозволена жалба“ (чл. 35, ЗМРРС). 14 Решението е правосилно и извршно со денот на доставувањето на страните во спорот – а ако во него е утврдено дека дејствието, кое е предмет на извршување, може да се изврши во оставениот рок, тоа станува извршно со истекот на тој рок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Немам – признав – а и не ми е јасно што е тоа услов за трета, ама право да ти кажам и не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Хармонија е предмет што треба да го положам во септември ако сакам да фатам услов за трета година, а колку е досаден и тежок, поим немаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со донесувањето на Законот за волонтерство волонтерите се здобија со следните права: а) пред започнувањето на волонтирањето во писмена форма да добијат опис на правата и обврските кои треба да ги исполнат и да бидат запознаени со условите и опасностите поврзани за време на волонтирањето; б) да бидат запознаени со општите акти на организаторот на услугите, односно на оние делови кои се однесуваат на волонтерските услуги, за кои се ангажирани; в) да користат средства за заштита при работа согласно со прописите за заштита при работа; г) да имаат право на обука, доколку истата е потребна за обезбедување на услугата која е предмет на договорот; д) право на отсуство за време на волонтирањето, ако за тоа постојат оправдани причини; ѓ) право на дневен одмор; е) право да бидат консултирани и информирани при одлучување за начинот на давање на услугите; ж) право на надоместок на однапред договорените трошоци поврзани со волонтерството (трошоци за храна, трошоци за превоз до и од местото на волонтирањето, трошоци за службени патувања и трошоци за обука) и з) право на заштита на приватноста и личните податоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)