е (гл.) - кралство (имн.)

Модерната, тоа е пред сè пронаоѓањето на смеата, на големата несериозна смеа на Але, Сати, Дишан (Allais, Satie, Duchamp), лудата смеа која ја поздрави Олимпија на Мане (Manet); тоа е онаа комична тегоба што ја произведе таканаречениот „couillarde” период на Сезан (Cézanne); тоа е промоцијата во ранг на херои на двајца идиоти, Бувар и Пекише (Bouvard et Pécuchet); тоа е она славно признание на Рембо (Rimbaud): „Сакам идиотски слики”, итн.; тоа е Paludes или пародијата на младиот Жид (Gide) Prométhée mal enchaîné (Лошо окованиот Прометеј); тоа е жарот на еден Албер Орие (Albert Aurier) кој се бори да објасни дека Гоген (Gaugin) не се изложил на потсмев, како што мислат критичарите, 24 okno.mk сликајќи ги Бретонките во нивните традиционални капи во Борбата на Јаков со Ангелот; тоа е кралството на кралот Иби (Ubu) и неговото merdre.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)