е (гл.) - име (имн.)

— Митре ми е името, ама, како шо знајте мајките не викаат на галено, та Мише се викам сега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
134. Во историјата не е познато да постоела и посебна словенечка држава под какво и да е име.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Крсто е име шчо го носел дедо ми и прадедо ми и дедојте на нимните дедовци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За посветените таа станала проѕирна, таа, поправо, ги открива очите на нивниот ум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Водата е име кое алхемичарите ѝ го дадоа на живата, елементот од prima materiae, како и Меркур, конечниот производ на вештината. Duchamp веќе го откривме во Меркур, така што идентификацијата Вода/Меркур уште еднаш го потврдува дублетот Du- champ/Посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не сум во вселената и не ми е името ѕвезда недопирлива. Чекај, сите права.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Земи го, рекол првиот, ждребево е твое, Капидан му е името, а вториот стоел, бил исправена надгробна црна плоча.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чуј, не ми е името бес. Ни ден. Јас сум страв, навев и ’рж. Сѐ сум, најмногу ранет, изгубен“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Алал да ти е името што го носиш, измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вака ли се чистат алишта, глупава Анастасијо? Ова ли е чистота, а? Погледај само овде, погледај (Покажува на палтото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овој збор е туѓ, тој е име на некаков лукав и силен соперник што ѝ го одзема милиот човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја сврте сликата кон светилката и темно праша: „Нели ѝ е името Марија?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како може некому воопшто да не му е чудно, а камоли смешно, кога ќе му кажеш дека твоето име е име на дрво?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Митко не е име на човек. Ние така го нарекуваме - митото.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Чунки сам знајш, ти стрико; те молам стрико, ако је кабил, кажи ми како ти е името?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Добро. - Гледаш дека ти се допаѓа? Тоа ти е име! Навистина, тоа беше име!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Прилеп - то е име славно, тамо е живејал некога си крал ни Марко, в него е царувал.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)