е (гл.) - идеја (имн.)

Веројатно сето тоа не го правел самиот: без поуки, без совети!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лукава му е идејата да бара од обвинетиот повеќепати да опише кои биле причините трипати да влегува во мојот двор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу е укажувачко она признание, дадено без присила, дека пред да одлучи да влезе во дворот ја проучувал околината: патиштата, влезот во куќата, височината на ѕидот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се сеќавам дека како многу малечок со жилетче ги повредував прстите на сетра ми само затоа за да видам што има внатре.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Она што на некој начин нè ограничува е идејата за телото како нешто свето, односно празноверието од типот ‘ако си играш со телото ќе умреш’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)