е (гл.) - арена (имн.)

Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како простор на институции и практики помеѓу приватните интереси на секојдневието во граѓанското општество и областа на државната моќ, функцијата на јавната сфера е да служи како посредник помеѓу приватните интереси на поединците и барањата на општествениот и јавниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)