е (гл.) - создаде (гл.)

Сиот шут се собирал на едно место и така израснал ридот, денес озеленет, кој по ништо не потсетува дека е создаден од урнатините на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На тие што првпат започнуваа да се судат, за да ги ослободи од непријатно чувство што ќе одат по судови, им велеше: „А што ќе правиш... Така е создаден светот... преку делби...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Небото е создадено по создавањето на земјата... Го создал по лика и прилика нејзина...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рацете на децата трчаат по патот на твојот глас и ги збираат искрите на свежиот поток По жилите на царските мигдали течат водите на младото сонце. Сѐ е создадено.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите имаме обврски и должности, животот е создаден за нив.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога се чувствуваме беспрекорно одлично и среќно ако не го поделиме тоа со вистинските луѓе, кои знаат да се радуваат и тагуваат со нас, таа среќа никогаш нема да биде целосна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)